Ако не можете да го промените светот, пременете се себе си.. Со ваква поучна приказна музичката ѕвезда Горан Бреговиќ го започна вчера вечерта јубилејниот концерт во Скопје.
Горан вчера ја прослави 50 годишнината од постоењето на култниотбенд „Бјело дугме“, а ден пред концертот го славеше и 74 роденден.
Брега, како што сите го нарекуваат, можеби и беше малку разочаран што спортскиот центар „Јане Сандански“ не беше полн до последното место, но тие што дојдоа уживаа не само во неговиот опус, туку и во музиката на „леб и сол“, кои после децении, поточно по 47 години повторно се најдоа заедно на иста сцена.
Уживаше публиката во безвременските песни и на „Леб и сол“ и на Бреговиќ, кој концертот со одржа со филмска музика, песни од последниот албум, но и изведби од неговиот оркестар „За свадби и погреби“.
Се журкаше и Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ, која со семејството Тавитијан од вип ложата се потсети на безвременската музика.
(В.М.)
Фото: Вангел Тануровски