Фотографиите на францускиот претседател, Емануел Макрон, кои неговиот официјален фотограф Соазиж де ла Маусониер ги објави во вторникот на Инстаграм, се црно-бели и го прикажуваат претседателот со стегната вилица и напнати мускули додека удира, пишува Гардијан.
Корисниците на социјалните мрежи набрзо почнаа да го споредуваат со Роки Балбоа, додека други се сомневаа во тајмингот на фотографиите, бидејќи Макрон претходно ја повика Европа да го засили својот одговор на војната во Украина.
Ces codes virilistes utilisés jusqu’à l’overdose. Quelle misère du politique. Quelle défaite du progressisme. Et quelle indigence de la communication politique… https://t.co/JQ3AsIvYjb
— Sandrine Rousseau (@sandrousseau) March 20, 2024
Некои рекоа дека фотографиите го прикажуваат како да треба да се бори со рускиот претседател Владимир Путин, кому не му се непознати фотографиите на кои ја покажува својата атлетска моќ.
Waouh la machine de guerre @EmmanuelMacron
Il se prépare pour un octogone sans règles avec #Poutine ou c'est comment? 😅😅#Macron #Boxe #Boxing #UkraineRussianWar #ukr pic.twitter.com/wPuWee182d
— Bossman57🇨🇵🇬🇵 (@Tu_SauraPas57) March 20, 2024
Женскиот магазин Femme Actuelle ги опиша фотографиите уште поласкаво, пишувајќи дека на нив се гледа „сопругот на Брижит Макро“ со „одлучен поглед, како да сака да се бори со противникот… Изгледа толку силно удира, бицепсите му излегуваат од под неговата црна маица“.
Путин претходно беше фотографиран на риболов,како пука, јава коњ гол до појас, игра хокеј на мраз, ги победува противниците во џудо и се вози во тенкови и подморници.
Макрон, исто така, претходно предизвика чудење поради фотографијата на која се наоѓа на каучот со раскопчана кошула, откривајќи влакнести гради, за време на изборната кампања во 2022 година.