Црковниот одбор при храмот „Свети Атанасиј“ во тетовската полиција пријавиле сквернање на овој верски објект заради тоа што е поставено знаме на Албанија, објави порталот Тетово инфо.
Настанот бил пријавен вчера попладнето во СВР Тетово.
„Пријавено е дека непознати сторители на куполата од црквата „Свети Атанасиј” на тетовското Кале поставиле албанско знаме, а на бандера на влезот во Калето било истакнато знаме на УЧК. Веднаш по пријавувањето на местото е испратена екипа од СВР Тетово,“ информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...