Има записници кои се доставени до Општина Чашка и до МОН од страна на Просветниот инспекторат и ќе треба понатаму да се постапува по забелешките за да може повторно да биде отворен интернатот во ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири, одговарајќи на новинарско прашање на МИА при денешната посета на училиштето во кое од мај минатата година е пломбиран интернатот и не работи.
Освен петте првачиња кои учат во засебна албанска паралелка наставата во ООУ „Тодор Јанев“ во Чашка моментално ја посетуваат 178 деца од второ до деветто одделение од кои 117 се Македонци од Чашка, а 61 ученик се Албанци од селата во Општина Чашка.
Тие наместо дa се сместат во школскиот интернат мора секојдневно со комбе да се носат во училиштето. Овие ученици како и досега и во оваа учебна година наставата ја следат во македонските паралелки заедно со нивните соученици Македонци