Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ откри дека во последните месеци ја коригирала исхраната и се грижела што јаде, па успеала да ослабне осум и пол килограми!
-По напорните подготовки линијата ја доведов до совршенство и тоа без никакви ригорозни диети. Решив да практикувам еден вид аутофагија, што значи дека после осум навечер не јадам ништо и пијам вода, а понекогаш и пиво! Пивото дебелее многу луѓе, но мене не. Пивото ме сака! Вистина е – вели Цеца и додава дека е и физички активна.
-Станувам околу осум наутро, појадувам и одам на тренинг. Ако немам време да одам во теретана, тогаш брзо одам на лента за да го активирам метаболизмот рано наутро. Физичката активност е многу важна. Така изгубив осум и пол килограми за еден месец.
Фолк ѕвездата не е поддржувач на ригорозни диети и никогаш не би користела производи за слабеење.