Професионалноста на неврохирургот Венко Филипче, неговата стручност и посветеност на спасување на секој човечки живот го сведочат бројни пациенти и семејства кои судбината ги довела до болница.
На Фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“ постојано се споделуваат сведоштва и искуства на пациенти кои изразуваат огромна благодарност до Филипче за неговиот ангажман и како министер за здравство, но и како врвен неврохирург секогаш подготвен да даде максимум за секој случај.
Каролина Живковиќ Калеовска во групата споделува дека во нивното семејство Венко Филипче е спасител.
„Снаата ми е самохрана мајка на една прекрасна принцеза. Внуката имаше 4 месеци кога она од тага за сопругот (мојот син) доби мозочен удар. Во таа прилика викнавме брза помош и во моментот се сетив да му ѕвонам на тогаш министер Др. Филипче, оти нè знаеше по случајот за син ми“, пишува Живковиќ Калеовска.Таа објаснува како Филипче, во сред ноќ собрал екипа на доктори со кои веднаш ја оперирале и ја спасиле нејзината снаа.
„Доживотно сум му благодарна“, вели Живковиќ Калеовска во својата објава која се споделува и од други членови на групата.Фејсбук групата „И јас сум Венко Филипче“ има повеќе од 25 илјади членови.