Српската пејачка александра Пријовиќ заработила над половина милион евра, но не од концерти.
-Прија толку многу заработува од Јутјуб и Спотифај што воопшто не мора да одржува концерти! Освен бројните арени кои ги пополни низ регионот од септември, нејзиниот вртоглав успех се одразува и на многу дигитални платформи. Само песната „Дам, дам, дам“ досега има повеќе од 67 милиони прегледи на Јутјуб, а по неа е „Психо“ со 43.605.919 прегледи, додека сите други песни имаат по девет милиони. Сите девет песни досега собрале 252.078.683 прегледи! Еден преглед на Јутјуб во просек се наплаќа 0,002 евра, што значи дека Прија досега само од Јутјуб заработила 504.157 евра – рекол за Информер, експерт за дигитални платформи.
Александра бележи и милиони прегледи на Спотифај.
-Александра има со што да се пофали! Девет песни од нејзиниот последен албум досега имаат 31.190.000 „стримови“, односно толку пати се преслушани. Еден „стрим“ се наплаќа по 0,003 евра, што значи дека од тие прегледи до сега Прија има собрано 85.858 евра. Најслушана песна на таа платформа, како и на Јутјуб, е „Дам, дам, дам“, која досега има 8.748.000 преслушувања, потоа „Психо“ со 5.493.000 и „Плацебо“ со 3.877.000. Тоа се одлични резултати, а по бројот на слушања на еден албум, нема рамен во регионот – заклучил соговорникот.