Јужнокорејскиот актер О Јонг-су (79), најпознат по улогата во серијата „Squid game“ , е прогласен за виновен за сексуален напад, пишува „Дејли мејл“.
Судот го прогласи за виновен за „непримерно допирање жени“ во 2017 година.
Актерот е осуден на осум месеци затвор, условно на две години, објави судот. Исто така, му било наредено да присуствува на 40 часа предавања за сексуално насилство.
Судот утврди дека извештајот на жртвата за нападот и нејзините тврдења се конзистентни и рече дека таквите „изјави не можат да се дадат без вистински да се доживее нападот“, рече судот.
Кога го напушташе судот, актерот им кажа на новинарите дека планира да поднесе жалба на одлуката. Има седум дена да поднесе жалба или пресудата ќе биде потврдена.
Актерот претходно ги негираше обвинувањата.