Италијанската полиција уапси 103-годишна жена која како учесничка во сообраќајот, ги прекршила правилата.
Станува збор за пензионерка, родена 1920 година, која немала ниту возачка дозвола, ни осигурување за во случај на сообраќајна незгода, јави ДПА.
Жената била запрена среде ноќ, поради пребрзо возење во градот Бондено во северна Италија. Им кажала на полицајците дека се упатила кај пријатели надвор од градот. Таа потврдила и дека пред две години ѝ истекла возачката дозвола и не ја обновила.
Поради сторените прекршоци, возилото е одземено, а повозрасната жена е однесена со полициско возило до својот дом.