Силен земјотрес, со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала, утринава, околу четири часот, ја погоди Црна Гора, јави МИНА.
Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 32 километри северозападно од Никшиќ.
Земјотресот е регистриран во 4,06 часот, на длабочина од десет километри, а бил почувствуван низ цела Црна Гора.
На веб-страницата на Црногорскиот завод за хидрометеорологија и сеизмологија се уште нема информации за земјотресот.
Медиумите информираат дека по главниот следеле уште 30 потреси. Според податоците на ЕМСЦ на секои 20 минути се случувал потрес.