Неготинчанец ја запалил влезната врата од станот на неговата сопруга со која се разведувал
-Денеска (10.03.2024) во 02.20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Т.(41) од Неготино, поради постоење основи на сомнение дека околу 01.45 часот опожарил врата од стан каде престојувала неговата 35- годишна сопруга со која биле во бракоразводна постапка, а претходно му упатувал закани на нејзиниот партнер. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.