Утрово околу четири часот избувнал голем пожар во угостителски објект ,во градскиот пазар во Охрид.Угостителскиот објект каде избувнал пожар е во сопственост на јавниот правобранител Агрон Речи.
Според свидетели на настанот, Охридскај информира дека пред избувнување на пожарот се слушнале две силни детонации последователно една по друга.
-Очигледно пожарот е предизвикан од НН лица,а која порака ја испратиле кон сопственикот на објектот Агрон Речи , останува да утврди истрагата.Првичната теорија дека пожарот бил предизвикан од електричната инсталација , веднаш паднала во вода , со оглед на фактот дека освен локалот во сопственост на јавниот правобранител Агрон Речи ,зафатени се уште 7 други деловни објекти,од кој еден во сопственост на сопругот на првата дама на охридските социјалдемократи Кристина Крлеска Деспотовска, како и други објекти во сопственост на градежната компанија Илинден Струга и ЈП Градски Пазар-Охрид. Доколку бил причинител електрична инсталација , тогаш цилиот комплекс на Градски Пазар Охрид ќе останел без електричен напон од предизвикани споеви на електричната инсталација.Од самото место јасно се гледа дека во објектот се фрлени запаливи течности , кои предизвикале силен оган и силни топлотни температури, кои предизвикале буквално растопување на севкупниот инвентар на локалот,како и топење на дел од ѕидните површини на поголе дел на објектот на градски пазар во Охрид. Поголем дел на Градскиот пазар во Охрид е затворен се до конечни истраги од страна на надлежните и на ЈП Градски Пазар како сопственик на пазаришниот дел. Ваквите случаи на потпалување на објекти во Охрид постанаа своевидна традиција, а до сега сторители на вакви гнасни дела не се пронајдени од страна на надлежните,поради безброј пропусти намерни или не во истрагите. Причинеттат материјална штета се проценува на над 1 милон евра, пишува Охридскај.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид изврши увид на лице место во угостителски објект на булеварот “Туристичка”, во склоп на градскиот пазар Охрид, каде рано утрово избувнал пожар, информираат од ОЈО.
-Опожарен е приватен објект во сопственост на Државниот правобранител Агрон Речи. Јавниот обвинител издаде насоки за прибирање докази и наредби за вештачења на лице место со цел откривање на причината на пожарот, се вели во соопштението од ЈОРМ.