Голема трагедија се случи во македонскиот спорт. На 23 години почина македонскиот кикбоксер Марко Тодоров. Беше освојувач на голем број медали на домашна и меѓународна сцена.
Голем број пријатели на Тодоров преку социјалните мрежи се збогуваат со младиот кикбоскер.
Веста за смртта на Марко, ја сподели модна креаторка Ивана Кнез.
– Почитувани пријатели, последната борба ја изгубивме. Утре, 10.03.2024 во 13.30 часот во капела 1 Бутел е последен поздрав со нашиот борец Марко. Нека почива во мир!
Погребот ќе се одржи утре во 13.30 часот на градските гробишта во Бутел.