Денеска, во 11.10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата Карпош Војвода во Охрид паднала жена, која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, информира охридската полиција.
Немилиот настан се случил во зграда во која се сместени социјално ранливи семејства.
„ Во 11.45 часот, на улицата Јане Сандански во Охрид, лишени од слобода се А. Д. (32) и Е. М. (21) двајцата од Охрид. На местото на настанот увид вршат јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот“, соопшти СВР Охрид.