Оскаровката Хелен Мирен во чест на Меѓународниот ден на жената – 8 Март, доби Барби-кукла изработена според нејзиниот лик.
„Да се биде избран од Барби е голем комплимент и нешто што не сум можела да си го претставам во овој момент од мојот живот ниту во најлудите соништа“, изјави Мирен.
Покрај неа, производителот на играчки Мател Старс изработи Барби кукли и со ликовите на австралиската пејачка Кајли Миног и германско-иранската комичарка Ениса Амани, како и американската актерка Вајола Дејвис, канадската пејачка Шанија Твејн, бразилската инфлуенсерка Мајра Гомез, мексиканската режисерка Лила Авилес и јапонската манекенка Никол Фуџита.
Според соопштението на производителот, нема да има масовно производство на овие кукли. Куклата Барби во сабота, 9 март, ќе го прослави својот 65 роденден.