Во близина на трговски центар Мавровка денеска околку 13:30 часот, малолетник бил повреден со остар предмет од друг малолетник, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Повредениот малолетник бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Во Полициската станица Бит Пазар се врши разговор со осомничениот малолетник во присуство на родител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР.
Според информациите, станува збор за двајца малолетници од скопските села Буковиќ, односно Бојане.
– Денеска (06.03.2024) околу 13:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“, во близина на трговски центар Мавровка, малолетник од село Буковиќ, скопско, бил повреден со остар предмет од друг малолетник од село Бојане, скопско, стои во соопштението од МВР.