Пејачот, Сергеј Четковиќ веќе 23 години ужива во бракот со сопругата. Тие важат за еден од најскладните парови на регионалната цена, а по 11 години брак одлучија да го прошират семејството. Во 2010 година посвоија девојче по име Лола, а две години подоцна ја посвоија и Мила.
Во една прилика при гостување во емисијата „Гоца шоу“, Сергеј проговори за своето семејство.
„Има толку многу случаи каде луѓето кријат од своите деца сѐ до полнолетство и не им кажуваат дека се посвоени. Потоа, кога личноста веќе е порасната и формирана, доживува разочарување. Ѝ го рушиш светот со сознанието дека ја создале други родители. Стравот секогаш постои, но луѓе, доколку сакате да бидете родители не бирајте средства. Посвојте деца, направете ги среќни и нив, а направете се среќни и самите. Тоа е добро дело“, раскажа Сергеј.
Во истата емисија, тој се потсети и на моментот во кој им соопштил на ќерките дека се посвоени.
-Јас тоа им го објаснував низ приказни. Им кажував како постои едно училиште за деца каде тие порано живееле и ние сме слушнале дека нѐ чекаат. Мора да најдеш начин, да им објасниш сликовито за да не биде трауматично за тие деца. На Мила ѝ кажавме дека отидовме јас, мама и Лола за да ја побараме во училиштето, а таа кренала рака и рекла „еве ме“ – сподели пејачот.