Секој што донирал преку операторите за младиот Леонид Индов добива бесплатен паркинг во Струмица. Ова е начин Општината Струмица преку јавното претпријатие „Паркиралишта Струмица“ да му помогне на Леонид и неговото семејство со собирањето средства за неговото лекување. Објавувајќи ја одлуката, градоначалникот Костадин Костадинов вели дека разговарал со раководствата на сите јавни претпријатија како може да му се помогне на Леонид. Одлучиле дека со ослободување од плаќање паркинг е начинот на вклучување во хуманитарната акција.
-Доколку приложите порака дека сте донирале преку некој од операторите ќе биде ослободени од плаќање на надоместок за паркинг. Не знам дали е многу, дали е доволно, но тоа е со сигурност најмалку што можеме да направиме за да излеземе во пресрет, вели Костадинов.
ЈП „Паркиралишта Струмица“ објаснува дека одлуката се однесува на сите корисници на паркинг услугите со зонско паркирање со кои работи јавното претпријатие.
„Граѓаните кои ќе приложат СМС порака за донирање на средства за Леонид Индов лично кон контролорите за паркирање пред започнување на паркирањето ќе можат да паркираат бесплатно со важна напомена да се почитуваат хоризонталната и вертикалната сообраќајна сигнализација како и времетраењето при користењето на паркинг просторите. Да бидеме хумани, ДОНИРАЈ И ПАРКИРАЈ! Тmobile: 143 118; A1: 143 500“, соопштува претпртијатието.
Во собирањето на средства за да се плати лекувањето на Леонид се вклучија граѓаните, бизнис секторот, институциите, поединци и многу познати личности.