Лидерот на партијата За наша Македонија (ЗНАМ) Максим Димитриевски вечерва на својот фејсбук-профил објави дека ги има 10-те илјади потписи потребни за кандидат за претседател на државата на изборите и им се заблагодари на граѓаните за поддршката.
-Над 10 000 потписи за кандидат за Претседател. Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа! #ЗНАМ #ДвижењеЗНАМ #ЗаНашаМакедонија, напиша Димитриевски на Фејсбук.
Претходно, Арбен Таравари, објави дека собрал 10 илјади потписи за влез во трката за шеф на државата.
Прв од единаесеттемината кои собираат 10 илјади граѓански потписи за претседателската кандидатура тоа успеа да го стори кандидатот на ДУИ, Бујар Османи. Тој преку видеообраќање во кругот на семејството ја објави веста посочувајќи дека потписите се собрани во рекородно време.