Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.М., на возраст од 22 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.
Пријавениот, кој бил од Пробиштип, преку социјална мрежа испраќал заканувачки пораки на вработен во МВР и на неговото семејство.