Хрватската ѕвезда Данијела Мартиновиќ ќе одржи концерт во Скопје на 17 март, објави „Авалон продукција“.
Мартиновиќ првпат ќе пее во Филхармонијата, а концертот е во рамките на славењето на 30 години „Авалон“.
„Имавме транзиција во нашата работа, која започна во МКЦ, а продолжи во Универзална сала. Нашите први концерти таму беа со Мишо Ковач, но најуспешниот проект во Универзална сала беше токму нашата пријателка Данијела Мартиновиќ, која 11 пати ја распродаде салата во само две и пол години“, велат од „Авалон“.
Од „Авалон“ најавуваат одличен концерт на Данијела Мартиновиќ бидејќи, како што велат оттаму, „срцето секогаш ѝ 1000 отсто на сцена“ и додаваат дека има огромен интерес за дебито на Данијела Мартиновиќ во Македонска филхармонија!
Влезниците веќе се во продажба, онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на „ticketx“, по цени од 1.200 денари и 1.500 денари.
.