Рокерот Ѓорѓе Давид откри дека се сретнал со сопругот чија жена загина во сообраќајната несреќа во Македонија.
Ѓорѓе признава дека разговорот поминал добро и додава дека имал голема желба да се сретне со човекот очи во очи.
„Имаше некои наслови кои беа тенденциозни, а тоа ме повреди мене и моето семејство. За мене е многу важно да кажам дека се сретнав со човекот чија сопруга загина во несреќата. Разговорот што го водевме беше крајно, нормален, крајно човечки, крајно татковски. И тој е татко на женско дете и јас сум татко на женско дете и тоа е нешто. За мене беше многу важно да симнам огромен товар од моето срце бидејќи знаев дека сака да ја слушне приказната од човекот зад воланот. Важно ми е што разговарав со човек кој е апсолутно свесен за ситуацијата и свесен дека сум некој што бил совесен во тој момент и кој постапил во моментот најдобро што можел“, рече Ѓорѓе.
Toj додаде дека не му се јавил лично, иако го имал неговиот телефонот.
„Го прашав адвокатот, кој најде начин да дојде до него. Седнавме на јавно место, еден спроти друг. Тоа е многу емотивен разговор кој траеше 45 минути, никогаш нема да го заборавам. До тој степен ми е важно како раѓањето на моето дете, првиот бакнеж, првиот концерт и слично“, рече Ѓорѓе Давид и откри дека има обврска секој 15-ти во месецот да се јавува во Куманово.