Грк(46) од Трикала не само што го убил татко си по расправија во куќата, туку и со пила му ги отсекол главата и рацете!
Грозоморното злосторство го потресе целиот град, а убиецот потоа самиот повикал полиција, пренесува република.рс.
Полицијата соопшти дека убиството се случило околу 02:30 часот и дека синот при апсењето не пружил никаков отпор.
Соседите и познаниците на семејството велат дека таткото и синот речиси редовно имале вербални конфликти. Состојбата, тврдат, дополнително се влошила по смртта на сопругата на убиениот, односно мајката на осомничениот за убиството.
Според некои информации, осомничениот за убиството имал психички проблеми. Соседите велат дека тој секогаш бил повлечен.
Τρίκαλα: Σε αυτό το σημείο σκότωσε και τεμάχισε τον πατέρα του με αλυσοπρίονο ο 46χρονος https://t.co/i32y0FKTg4 pic.twitter.com/WLuPm2mulZ
— Ysterografo News (@YsterografoNews) February 18, 2024
Беше единец, не се ожени, живееше со родителите“, велат тие.
Како што неофицијално се дознава, синот веќе подолго време го обвинува татко му за смртта на мајка си и многу страдал бидејќи повеќе ја нема. Наводно, претходните недели дури и му се заканувал на татко му на улица дека ќе го убие.
Некои соседи во полиција изјавиле дека слушнале викање од куќата на таткото и синот, а меѓу нив имало некакво кошкање и претходните вечери.
Според неофицијални информации, синот дури и се повредил при убиството на својот татко, но не се знае дали сакал да се самоубие.
Кога пристигнала полицијата затекнала страшна сцена, а осомничениот бил пренесен во болница.
Ова е второ злосторство во последната недела што ја потресе Грција. Претходно, Грк по потекло од Египет влегол во бродска компанија и убил тројца од главните луѓе во неа, за кои верувал дека „го отпуштиле“.