Во СВР Скопје жена од населбата Карпош пријавила дека мажот ја истепал во семејсниот дом, а подоцна мажот пријавил дека него го истепала жената.
-На 17.02.2024 во 14.30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. Исто така, на 17.02.2024 во 19.30 часот, нејзиниот сопруг во СВР Скопје пријавил дека во семејниот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.