„Ние со Хрватска почнавме заедно 2005 година и планот беше ние заедно да станеме земји членки на ЕУ. И во 2008 година кога ние требаше да донесеме одлука за решавање на спорот со Грција кој што е од 1993 година Хрватска реши да се европеизира и да држи состаноци во Брисел а нашата власт тоа време предводена од ВМРО-ДПМНЕ реши да ја антиквизира државата и да не врати 2 300 години назад“ рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА.
Тој додаде дека затоа сега младите се селат во Хрватска, бидејќи наместо со антиквизација, Хрватска преговараше со ЕУ и правеше реформи. „Тоа е иднината на Македонија, да биде дел од ЕУ. Тогаш не само што ќе си работат тука нашите млади туку и ќе почнат да доаѓаат од други држави кај нас, како што нашите одат во други држави. Тоа е иднината, се друго е замајување на граѓаните и барање на алтернативи кои никој не може да ги објасни“ рече Ковачевски.