Претседателот на Алијанса за Албанците (АА) и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари од Гостивар, каде ја извршува функцијата градоначалник, ја објави својата кандидатура за претседател на државата во име на албанската опозиција.
Таравари одлучил доцна синоќа да го прифати предлогот од пред еден месец како што рече на „инсистирање од пријатели, другари, истомисленици“.
Неговата кандидатура, е исто така предлог на Претседателството на Алијанса за Абанците, а со поддршка на албанската опозиција од коалицијата „Европски сојуз за промени“ (ЕСП).
-Привилегија е да се има доверба од толку многу фактори. Дојде време државата да има претседател Албанец, не технички туку вистински. Господинот Билали, претседателот на Беса, ми понуди да изберам дали сака да биде претседател или носител во ИЕ 6, но заедно во анализа со пријатели и добронамерници, исто така и со луѓе кои имаат смисла како да постапам, како што треба да се продолжи понатаму, избрав да бидам кандидат за претседател, а Билал Касами да биде носител во ИЕ 6“, рече Таравари.
За поднесување на кандидатурата, Таравари и албанската опозиција ќе собираат потписи, што како што рече очекува да ги соберат за два дена. Тој и неговите коалиционери очекуваат поддршка од сите политички партии што сметаат дека тој е човекот што треба да ја предводи државата во следните пет години, како и од невладините организации.
Таравари кандатурата ја објави на прес-конференција во Гостивар, на која присуствуваа лидерите на трите партии од ЕСП, Изет Меџити на Демократско движење, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами на Движење Беса. Според најавата на Таравари, во сабота партиите од опозицијата, сега веќе како заедничка албанска опозиција, се очекува и официјално да го објават составот на коалицијата, како и неговата кандидатура за претседател на државата.