Александра Пријовиќ го одржа првиот од петте закажани концерти во Осиек. Салата била преполна до последното место, а истото се очекува и во наредните денови, со оглед на тоа што билетите се распродадени.
Претходните денови во хрватските медиуми се појавија информации дека градоначалникот на Задар Бранко Дукиќ не го дозволил концертот на Александра Пријовиќ што требало да се одржи во тој град.
По синоќешниот концерт во Осиек, Александра одржала конференција за медиумите, на која се осврнала на актуелните натписи дека нејзините настапи на некои места во Хрватска, конкретно во Задар, се забранети. Таа открила дека, колку што знаела, не постои никаква забрана, па го поканила градоначалникот на нејзиниот концерт, иако тој изјави дека не е љубител на таа музика и дека не сака да присуствува на такви концерти,пишуваат српските медиуми.
– Колку што ја видов изјавата, не постои никаква забрана. Мислам дека тука сè е во ред и по повод ова го поздравувам градоначалникот, иако рече дека не го слуша овој вид музика. Ако се предомисли, добредојден е на концертот – порачала Александра Пријовиќ.