Со писмо до актуелниот претседател на Собранието на РСМ, Јован Митрески, Синдикати на пет јавни универзитети побараа е итен прием. Митрески е правен застапник на основачот на јавните универзитети , а повикот е со цел потпишување на Колективните договори кои претходно се доставени.
На писмото до Митрески се потпишани претставниците на универзитетите: „Гоце Делчев“ од Штип, „Мајка Тереза“ од Скопје, Универзитетот од Тетово, „Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот за информатички науки и технологии “Св. Апостол Павле”-Охрид.
-Јавно искажуваат братска солидарност и поддршка во напорите на Сојузот на синдикатите на УКИМ (ССУКИМ) во остварувањето на нивните права кои произлегуваат од потпишаниот Колективен договор на вработените во УКИМ во Скопје. Истовремено бараме итен прием од страна на правниот застапник на основачот на јавните универзитети Претседателот на Собранието, г-динот Јован Митрески, со цел да ги потпишеме Колективните договори кои ги доставивме претходно. Доколку не бидеме примени најдоцна до 15.02.2024 (четврток), како синдикати од долунаведените јавни универзитети ќе преземеме други чекори и постапки кои соодвестуваат на современиот синдикализам, реагираат во писмото.
Од сите државни универзитети, само УКИМ има потпишано Колективен договор. И покрај барањето на останатите државни универзитети, досегашниот претседател на Собранието, актуелниот технички премиер, Талат Џафери до сега не најде време да ги прими универзитетските професори.