Пожар избувнал утрово во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје на најгорниот кат, во делот на рестораните каде се подготвува храна, а противпожарните екипи се уште се на терен. Нема повредени, само има материјална штета.
-Се запалил вентилациски канал кој ја спроведува пареата. Пожараникарите се уште интервенираат. На терен се 15 пожарникари со пет противпожарни возила, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.
Пожарникарите добиле дојава од вработените во трговскиот.
На посетителите се уште не им е дозволен влез.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Loading ...