Американската пејачка Пинк во еден момент морала да го прекине концертот бидејќи една жена од публиката почнала да се пораѓа.
Додека ја изведувала песната „Наша песна“, пејачката одеднаш му порачала на бендот да престане да свири.
Набрзо сфатила дека болничарите дошле да ја земат родилката, па се пошегувала и прашала дали бебето ќе се вика Алесија или Алекс, алудирајќи на нејзиното вистинско име, пренесува ТМЗ.
Таа и посака среќа и брзо продолжи со концертот.
Пинк моментално е на својата турнеја „Летен карневал“ во Австралија. Публиката со силен аплауз го поздрави овој несекојдневен настан.