„Не сум прочитала ни дека има некоја држава во која одредена политичка партија номинира свои министри, а не гласа за нив.Но, веројатно одреден политички ситуации во државата не само сега туку и изминатиот период не прават да се разликуваме од останатите. Техничка е владата зашто сме пред избори , меѓутоа оваа влада и сите институции треба да гарантираат дека сите обврски и надлежности ќе ги исполнуваме онака како што е предвидено и нема да попречиме во нормалното функционирање на државата. Покрај тоа што фокус се изборите, се разбира си ги извршуваме и секојдневните активности секој од своја надлежност. Во врска со вашето прашање, на Алијанса и превирањата што тие внатре ги имаат во нивната политичка партија, од тој аспект јас не би навлегувала да ги анализирам случувањата во нивната партија, меѓутоа ќе кажам дека она што е предлог на претседателот на владата, Џафери, кој е веќе предложен во Собранието, а тоа е замената на двајцата министри, се надевам дека ќе биде подржан,“ рече министерката за одбрана Славјанка Петровска, во емисијата „Само Интервју“ на Канал 5 Телевизија, во врска со реконструкција на техничката влада по само 10 дена од нејзиното формирање.
Таа посочи дека СДСМ ги следи изјавите дадените во јавноста од Таравари кои се во насока дека гледаат преспектива во опозициониот блок. Петровска посочи дека ако сметаат дека опозициониот блок дава подобри шанси, зошто воопшто седат во владата и седењето во влада кога се на став дека подобра е опозицијата нема логика.
„Многу длабоко навлеговме во тоа што се случува во албанските партии,и за тоа дали е некој против ДУИ, а во државата на маса имаме нерешени прашања кои треба да ги решиме час поскоро за доброто на државата. Се заглавивме во дисикусија што се случува во нив. Она што е најважно за секој кој учествува во политиката особено во наредниот период како ќе доаѓаат изборите, е да бидеме чесни и одговорни пред сопственото гласачко тело, пред граѓаните. Едноставно да бидеме искрени и чесни. И да кажеме кој е планот на секој од нас и како политичари и како претставници на политички партии, додаде министерката.
Таа посочи дека не е само врз основа на Фејсбук статус на Таравари. Како и дека денес се одржува состанок на Таравари, и ако утре се носи одлуката, можеби ќе се случи некој пресврт.
Но, Претседателот на Владата, Џафери, вели Петровска, сигурно добил предлог од политичката партија врз основа на што го доставува за разрешување и назначување на нови министри во Собранието.