Австралискиот актер Грегори Чарлс Риверс почина на 58-годишна возраст. Роден во Квинсленд се преселил во Хонг Конг кон крајот на осумдесеттите, каде имал завидна кариера играјќи во повеќе од 40 продукции. Некои медиуми пишуваат дека актерот се самоубил, се затрул со јаглерод моноксид.
Во 2017 година му бил дијагностициран рак на кожата, успешно бил опериран, но подоцна лекарите му откриле дека има аритмија. Неговата состојба на срцето била толку сериозна што морал да оди двапати на операција, со што направил долг од 800.000 хонкгонкшки долари.
Меѓу филмовите во кои играше се издвојува акциониот трилер „Man on the Edge“ од 2022 година каде глумеше со легендарниот хонгконшки актер Сајмон Јам. Познатиот актер глумеше заедно со Џеки Чен во комедијата од 2021 година All U Need Is Love.
Пред да се насочи кон актерството, тој имал друга професионална љубов, па во светот на актерството влегол со диплома по медицина на Универзитетот во Нов Јужен Велс, пишува Дејли Мејл.