Во сообраќајна контрола вчера на територијата на град Скопје изречени се вкупно 181 мерка, меѓу кои 33 санкции за непочитување на брзината на движење.
Како што информира утрово Министерството за внатрешни работи, осум мерки се изречени за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за користење на мобилен телефон при возење, 26 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…
МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот