Ми беше чест да присуствувам на Националниот молитвен појадок во Вашингтон, годишен собир на лидери и истакнати личности од светот, на кој се афирмира мирот и взаемното разбирање – објави денеска вицепремиерката, Славица Грковска.
Таа информираше дека на настанот кој промовира надминување на разликите преку обединување околу заеднички вредности, имала можност да се сретне со пријатели и поддржувачи на нашата земја, со кои разговарале за актуелните состојби и предизвици на национално и глобално ниво.
Во времиња исполнети со војни, кризи и неизвесност, важно е да ги зацврстуваме мостовите кои поврзуваат различни традиции и култури, а хуманоста да биде водечка мисла во градењето подобра иднина за сите – порача Грковска.