Пејачката Ханка Палдум (67) е бесна, по наводите на социјалните мрежи дека починала.
Ханка на Фејсбук ја коментираше лажната вест која се појави на социјалните мрежи, а во која беше прогласена за мртва.
Ханка се потресла откако беше „погребана“ на социјалните мрежи
-Драги мои пријатели, медиумите по којзнае кој пат пишуваат лага. Жива, здрава, среќна со моите најблиски. Само што ја добивме оваа вест која кружи на социјалните мрежи. Тажно и мизерно. Што да се каже на сето ова? Ве сака вашата Ханка – рекла пејачката.