Српските медиуми од свои извори веќе објавија дека на Ѓорѓе давид веќе му е вратен пасошо, дека се вратил во србиј и за утре закажал прес конфернција.
Наспроти информациите ос српските медиуми македонското ОЈО, пак, информира дека на Давид пасошот се уште нему е вратен и дека не ја има напуштено Македонија.
-Основното јавно обвинителство Куманово ја известува јавноста дека мерките на претпазливост определени спрема странскиот државјанин кој учествуваше во тешката сообраќајна несреќа кај Табановце се уште се на сила. Согласно информациите кои ги има обвинителството до овој момент, тој не ја напуштил државата и утрово се јавил во Судот како што му е определено. Резултатите од наредените вештачења неопходни за да се расчистат причините за сообраќајната несреќа се уште не се пристигнати до обвинителството, информираат од ОЈО.