Српските медиуми пишуваат дека пејачка Ана Ѓуриќ, алијас Констрактa, повторно ќе се обиде да освои позиција на врвот на Евровизија, која годинава се одржува во Малме, Шведска од 7 до 11 мај ако ја освои довербата на домашниот натпревар.
Констракта пред две години со песната „In corpore sano“ предизвика огромен интерес и го освои високото петто место на Евровизија во Торино. Годинава таа ќе настапи со песната „Ново, боље“ со која се натпреварува на српската Евровизија.
„Оваа тема е изџвакана повеќе од милион пати, но сепак актуелна“, изјави 45-годишната Констракта за српскиот портал Danas.rs.