Почитувањето е тесно поврзано со самодовербата. Со почитта на другите им овозможувате да го видат одразот на самодовербата која ја имате.
Оттука, постојат шест клучни навики поради кои другите повеќе ќе ве почитуваат:
Креирајте цврсти граници
Направете добри, јасни и здрави граници. Ова е клучниот чекор кон тоа да стекнете почит и да негувате добри меѓучовечки односи.
Креирајте ситуации во кои добивате
Во ситуација вин-вин никој не губи. Луѓето кои немаат развиена емпатија се „сладат“ на туѓиот неуспех. Тие сакаат да видат како другите не успеваат, бидејќи за нив тоа значи дека тие успеале. Одлучните луѓе со цврста самодоверба не се хранат со туѓата болка, туку напротив, тоа ги погодува. Луѓето кои не ги почитуваат останатите, немаат почит ни кон самите себе.
Не потценувајте го својот успех
Не се обидувајте да ја намалите вредноста на она што го правите, со цел некоја друга личност да се чувствува пријатно. Луѓето ќе се чувствуваат пријатно доколку сте јасни и искрени кога зборувате за себе и уште повеќе ќе уживаат во разговорите со вас.
Покажете посветеност кон тимот
Почитта често следува кога другите ќе препознаат посветеност и желба кај вас да му помогнете на тимот за да може тој да расте и да се развива.
Комуницирајте правилно
Генерално, способноста да комуницирате и да одржувате здрави граници го зголемуваат нивото на почитта која ви ја даваат останатите.
Бидете внимателни и не им пречете на соговорниците
Навистина е „освежувачки“ да видите како некој убаво разговара и внимателно знае да ја сослуша другата страна.