Министерот за надворешни работи Бујар Османи доби син и по трет пат стана татко.
Тој радосната вест ја сподели на својот приватен Фејсбук профил, а го откри и името на бебето.
-Драги пријатели, со срца полни со радост и благодарност, Валбона и јас сме среќни да го објавиме раѓањето на нашето трето дете, Луан. Неговото име ја симболизира силата и храброста. Раѓањето на Лион ја зајакнува мојата посветеност не само кон моето семејство, туку и кон семејствата на кои им служам. Со топли поздрави“, напиша Османи.
Османи и неговата сопруга Валбона веќе го имаат синот Мали и ќерката Елиза.