Едно лице е полесно повредено во пожар во куќа на улица ,,23 Август” во Берово. Во пожарот што се случил синоќа околу 22:30 часот, интервенирала Територијалната противпожарна единица од Берово, која спречила огнот да ги зафати соседните куќи, кои се наоѓаат во близина.
-Во пожарот зафатена беше трособна куќа во која покуќнината и една просторија беа опожарени, но сепак пожарот е локализиран со минимална штета. Заштитени беа околните објекти, посебниот објект до куќата и куќата во близина со цел да не се прошири пожарот и минимизира штетата, информираа од ТППЕ Берово.
Екипа на Итната помош од Берово му укажала прва помош на повредениот, а увид извршила екипа на МВР, од каде најавија дека дополнително ќе биде соопштена причината за пожарот.
МВР излезе со детали за пожарот.
-На 22.01.2024 околу 23.04 часот во Полициската станица Берово било пријавено дека на ул.„23 Август“ во Берово настанал пожар во куќата сопственост на С.Ч.(48) од Берово. Притоа, со повреди се здобил сопственикот, кој бил пренесен во Здравствен дом Берово за укажување помош. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Берово. Увид извршила екипа од Полициската станица Берово, информираа од МВР