Сите барем еднаш слушнале за синдромот на „скршено срце„, меѓутоа малкумина знаат дека тој може да биде опасен како срцевиот удар.
Состојбата позната како Такотсубо кардиомиопатија која може да биде предизвикана од тага или од голем стрес, може значително да го ослаби срцето. Терминот такотсубо кардиомиопатија е за првпат опишан во 1991 година, по земјотресот во Јапонија. Се јавува претежно кај жените и тоа како последица на интензивни емотивни реакции кои настанале изненадно.
Синдромот на скршено срце може да биде смртоносен, а некои доктори истакнуваат дека токму тоа би можело да биде причина за смртта на пејачката Шинејд О’Конор.
Ирската пејачка која стана светска сензација почина на 56-годишна возраст лани во јули. Како што беше објавено, се работи за природна смрт. Иако имаше прилично тажен живот, таа доби четири деца, а една година пред нејзината смрт таа ја доживеа својата најголема болка кога беше убиен нејзиниот седумнаесетгодишен син Шејн.
Sinead O'Connor's ex claims official cause of singer's death proves she died of a 'broken heart' 18 months after her beloved son Shane killed himself https://t.co/RDkti5jMlC
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) January 10, 2024
Поранешниот партнер на пејачката кој беше и нејзин менаџер, сега сугерира дека токму состојбата на такотсубо кардиомиопатија била причина за нејзината смрт, откако патолог неодамна заклучил дека таа починала од природна смрт.
„Од ова може да заклучите дека скршеното срце е вистинска болест. Потврдата дека Шинејд починала од природна смрт значи дека таа починала од скршено срце поради самоубиството на нејзиниот син. Тоа не ја намалува болката поради нејзиното заминување“, изјави Дермот Хејс кој беше во врска со пејачката две години.
Инаку, студија на Универзитетот во Арбедин открива дека синдромот на скршено срце се случува ретко, но жените се многу поподложни на него за разлика од мажите. Во овој случај вообичаено се препишуваат лекови за срцев удар, но студија во која учествувале 3720 луѓе покажува дека тие може и да не се ефикасни.