Во врска со предметот за случувањата во М-НАВ, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека до овој момент лишени од слобода се сите осум лица.
-Овие лица опфатени со Наредбата за спроведување истражна постапка за кривично дело – Загрозување на воздушниот сообраќај. Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител, информираат од ОЈО.