Телата на татко и двегодишен син од Велика Британија биле пронајдени од социјална работничка. Преживеало само кучето, кое било изнемоштено и гладно.
„Сигурна сум дека моето дете било гладно и се обидувало да стигне до храната. Но, храната се наоѓа на високи полици и не можел да ја дофати“, вели во плач мајката на детето, која скршена од болка проговори за смртта на Бронсон Батерсби.
Малиот Бронсон бил пронајден во пижами завиткан покрај неговиот татко Кенет, кој доживеал срцев удар. Покрај таткото и синот било пронајдено и нивното изнемоштено куче Скајлар, кое преживеало, по неколкудневните напори на социјалните служби да контактираат со нив. Откривањето на телата се случи една недела откако социјалната работничка ја алармирала полицијата полиција дека таа не може да стапи во контакт со Кенет на однапред договорениот состанок на 2 јануари.
Таа повторно го посетила домот во Линколншир, Велика Британија на 4 јануари, но повторно немало одговор. Социјалната работничка тој ден пак се јавила во полиција.
Шокантното е што телата на Кенет и Бронсон беа пронајдени на 9 јануари, кога самата социјална работничка употребила клуч што го земала од сопственикот за да влезе внатре, каде ги пронашла телата.
„Беше премногу млад за да стигне до храната во фрижидерот“, вели мајката на двегодишниот Бронсон, за кој се претпоставува дека умрел од глад.
Мајката на несреќното дете вели дека нејзиниот син не можел да ги дофати ни грисините кои биле недостижни за детето.
„Сигурна сум дека моето дете било гладно и се обидувло да стигне до храната, но креденчето за него е високо и не можело да го достигне“, вели мајката скршена од болка.
„Неговиот татко ги префрли сите закуски погоре, така што не можеше да ги добие без да праша. Сега сè што можам да мислам е дека моето дете било гладно… Не можам да издржам. Беше толку блиску до отворање на фрижидерот, но тоа не беше доволно. А Кени беше таму на подот. Можам само да се молам тој да мислел дека татко му спие“, раскажува мајката.
Последен пат мајката го видела своето дете пред Католички Божиќ по расправија со бившиот.
Прототема.гр