На ТикТок се појави видео снимка од која многумина останаа запрепастени. Сопружниците кои стојат зад профилот на кој беше објавено видеото, споделија што пронашле зад нивната машина за перење откако почувствувале лоша миризба.
Аманда со денови ја мачела миризбата која доаѓала од просторијата во која се наоѓа машината за перење алишта, а потоа го замолила својот сопруг да провери за што се работи. Кога сфатиле дека се работи за угината змија, тоа го споделиле на социјалните мрежи.
„Смрдеата која ја чувствувам не е од машината“, пишува во едно од видеата на ТикТок.
Имено, машината се наоѓа во просторија со надворешна врата, па тоа всушност создало можност змијата да влезе и да се сокрие. Смрдеата почнала да се шири со неверојатна брзина, а потоа Аманда покажала кој е „изворот“ на ужасниот мирис – угинатата змија.
Видеото на ТикТок стана вирално, а корисниците останаа запрепастени.
„Би се преселил и би си го променил идентитот кога под машината за перење би видел мртва змија“,
„Мртва змија има навистина најлош мирис и тешко е да се ослободите од него“,
„Очекував глувци, искрено радо би нашол змија“ – се само дел од коментарите.