Поштар од Германија цели четири години крадел туѓи писма и ги носел дома без никаква намера да ги однесе на вистинските адреси.
Поштарот чувал дома повеќе од 30.000 писма кои дури ги немал ни отворено! Полицијата на лице место кај Хамбург затекнала бизарна глетка.
Дел од собите и подрумот беа преполни со писма. Поштарот имал синдром на собирање непотребни работи во куќата и писмата биле само кулминација на колекционерскиот дел од неговиот живот.
Германската полиција прифатила да направи проверка по дојавата од втори јануари, откако претходно стигнале низа слични пријави од граѓани дека писмата не им стигнуваат на домашната адреса. Потоа со детална анализа е утврдено дека до исчезнување на писмата секогаш доаѓало само во смената на еден од вработените. Кај поштарот освен писма, дополнително биле пронајдени и списанија кои не биле испорачани во рок од четири години.
Според портпаролката на поштата, овој маж веќе не работи кај нив, откако потпишал спогодбен отказ.
Ова не е првпат во овој дел на Европа да има поштари кои крадат.
Неодамна, поштар од Австрија е осуден на десет месеци условна казна поради злоупотреба на службената положба, бидејќи не врачил околу 14.000 писма и 263 службени документи.
Ваквата злоупотреба тој ја „правдал“ со прекувремената работа, што резултирано со конзумирање алкохол, но и проблеми од правна природа.