Министерството за внатрешни работи информира дека во 15.30 часот вчера во прилепската полиција, С.С.(72) од селото Ропотово, прилепско, пријавил дека околу 13.40 часот во казино во Прилеп му биле одземени пари кои претходно ги добил при игра на апаратите во казиното.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Полицискиот извештај бележи уште една пријава за казино во Штип.
К.С.(60) од Штип пријавил дека на 12.01.2024 околу 02.00 часот во казино на ул„Ванчо Прке“ во Штип бил физички нападнат од едно лице кое се претставило како вработен во објектот.
Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.