Освен традиционалните маски со зетот, невестата, ѓаволот, премиерот, политичарите, директорите на М-НАВ, оваа година на карневалот во Вевчани големо внимание и многу реакции и осуда поттикна маска за која граѓаните на социјалните мрежи коментираат дека ги навредува верските чувства и го сквернави христијанството – станува збор за маската на Исус како влече крст од пивски гајби.
„До ова ли дојдовте!? Да го исмевате Оној, Кој заради нас беше распнат, и крстот за потсмев да го користите!?!?“, „Засрамете се“, „Прости им Боже, не знаат што прават“… коментираат револтирани граѓани на Фејсбук.
Карневалот во Вевчани е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека тој постои барем 2.200 години и е интересно и необично преплетување на пагански со христијански обичаи, но често пати знае да предизвика и реакции поради некои маски кои ги навредуваат верските чувства како што е во случајот со маската на фотографијата.