„Драги мои, во понеделник се гледаме во Скопје во Дајмонд мол, од 19:30 часот! Дојдете ми во што поголем број, да се дружиме, да позборуваме околу концертот кој не чека на 10 февруари во арената „Борис Трајковски“, а и малку да се фотографираме! Ве чекам. Бакнежи од Париз“, вели во својата порака до македонската публика Јелена Розга.
Розга во понеделник доаѓа во Скопје со цел да го најави големиот музички спектакл најавен во арената „Борис Трајковски“ на 10 февруари, инаку дел турнејата „Минут срца мог“, – кога кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации ќе ги отпее хитовите од соло кариерата „Бижутерија“, „Окус ментола“, „Нирвана“, „Соло играчица“ и неизбежниот „Цунами“, но и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин.
Јелена ветува незаборавна дружба, која ќе биде заокружена со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Скајмјузик продукција.
Влезниците за големиот солистички концерт во Скопје во организација на Скајмјузик се достапни онлајн, преку www.efinity.rs, но и преку бесплатната апликација eFinity, како и преку веб-страницата www.kupikartizase.com и на сите нивни продажни места, и тоа по цени од 1000 денари за партерот, 1500 за фанпитот, сребрените и златните седишта чинат 1300 и 1800 денари, додека влезниците за ВИП делот се продаваат по цена од 2200 денари.