Мајка од САД одбила да ѝ донира бубрег на својата ќерка која боледува од бубрежна инсуфициенција, оправдувајќи ја својата одлука со неколку аргументи, со што го навлече гневот на јавноста.
Мајката, како што објасни во својата објава на Редит, долги години не комуницирала со својата ќерка, бидејќи, како што објаснува, девојчето и нејзините здравствени проблеми го оневозможила функционирањето на нивното семејство.
„Потрошив стотици и стотици долари за лекување на мојата ќерка, но таа остана огорчена и тешка личност“, рече мајката.
Поради стресот врз семејството што го предизвикало откажувањето на бубрезите на девојката, според сведочењето на мајката ,семејство почнало да се распаѓа. Таа се развела и таа и нејзиниот поранешен сопруг целосно се отуѓиле од нивната ќерка.
Години подоцна, по полнолетството, ќерката повторно се појавила во животот на мајката за да побара помош од неа. Мајката била компатибилен донатор, но многу се плашела од операцијата, нејзините можни компликации и времето кога ќе мора да остане врзана за кревет, а со тоа и без работа. Иако на почетокот мислела да го стори тоа, односот на нејзината ќерка, која почнала да притиска да се реши, мајката го сфатила како уцена и затоа изјавила дека „попрво би умрела отколку да ѝ помогне на својата неблагодарна и безобразна ќерка“.
Пред да се случи сето ова, мајката му се јавила и на нејзиниот поранешен сопруг за да го праша дали може да го направи тестот за компатибилност. Таткото на девојчето одбил да биде прегледан, па сиот притисок за операцијата паднал на мајката.
„Се чувствував како некој да ме држи со сила за да ми го земе бубрегот“, признала таа. Но, штом јавно проговори во јавноста за семејната драма, стана цел на многу луѓе кои ја нарекоа лоша мајка.
Дарувањето орган навистина повлекува страдање од страна на донаторот, но многу е тажно да се видат вакви случаи кога двајцата родители на болно девојче не помогнале. Исто така, тоа што девојката боледува од бубрежна инсуфициенција не е нешто што таа го избрала, па затоа проблемите со кои се соочило семејството поради ова здравствено прашање не се само на девојчето, откриваат чудна динамика во семејството и недостаток на здрави механизми за справување.
На крајот, девојката повторно се нашла на листата на чекање заедно со илјадници други луѓе.
извор: marieclaire