Aктерот Милош Биковиќ доби син, пишуваат српските медиуми. Неговата вереница Ивана Малиќ е во добра состојба, како и новороденчето.
Среќниот татко ја потврди радосната вест со објава на Инстаграм, сподели цртеж со татко, мајка и дете.
Милош Биковиќ и Ивана Малиќ се заедно повеќе од две години.
Актерот за првпат ја претстави својата избраничка пред јавноста на премиерата на филмот „Јужен ветер 2: Забрзување“.